Стаменковски со златен медал од „Елемир – Војводина Опен“

facebook.com/bosko.stamenkovski

Натпреварувачот во Бенч-прес, Бошко Стаменковски од Македонска Каменица на вчерашниот натпревар „Елемир – Војводина Опен” го освои првото место и златниот медал за натпреварувачи до 75 килограми.

Воедно беше најдобар и во вкупна конкуренција на ова првенство. На натпреварот учествуваа натпреварувачи од неколку балкански земји, а како што и самиот информира Стаменковски беше прогласен и за најдобар ветеран за што доби диплома од страна на организаторот.

Добрата форма, како што додава, ќе ја искористи во наредниот период да учествува уште на неколку балкански куп натпревари.

Тој исто така е и светски рекордер во правење склекови, односно во рок од 1 час успеа да направи 2525 склека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот