Српскиот репрезентативец Самарџиќ е замената за Елиф Елмас во Наполи?!

фото: EPA-EFE/SERENA CAMPANINI

Фудбалерот на Удинезе, Лазар Самарџиќ повторно се наоѓа на „радарот“ на актуелниот италијански шампион Наполи, пренесува „Калчомеркато“.

Самарџиќ би можел да го замени македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој одлучи да ја продолжи кариерата во германскиот Лајпциг.

Претходно интерес за репрезентативецот на Србија Самарџиќ покажуваше и Јувентус, но во овој момент Наполи е најблиску до потписот на 21-годишниот играч за врска во нападот.

До сега оваа сезона Самарџиќ во дресот на Удинезе запиша 16 настапи во Серија А, со два голови и две асистенции. Еден од неговите погодоци беше и евроголот токму против Наполи.

Изворот воедно вели објави дека „наполитанците“ следат уште двајца играчи, Бубакари Сумаре (на позајмица во Севиља) и Пјер Емил Хејбјерг од Тотенхем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот