Фото: Screenshot

Познато кога Елмас ќе му се приклучи на Лајпциг и кога ќе дебитира

Maкедонскиот репрезентативец Елиф Елмас вчера ги помина медицинските прегледи во Лајпциг и иако се е договорено соработката ќе биде официјализирана во моментот кога ќе започне јануарскиот преоден рок.

Елмас за 25 милиони евра ќе ја смени Серија А со Бундеслигата и ќе се обиде таму да го покаже својот квалитет и да напредува во кариерата. Во моментот на трансферот Елмас беше надвор од тимот на Наполи поради повреда и затоа не конкурираше за настап во вчерашниот натпревар против Рома.

Лајпциг од друга страна е на одмор до 2-ри јануари кога тимот заминува во Шпанија на подготовки за вториот дел од сезоната, па тогаш Елмас и официјално ќе се приклучи на тимот.

Дебито на македонскиот репрезентативец во германскиот клуб се очекува на 13-ти јануари кога Лајпциг на домашен терен игра против Ајнтрахт.

ФОТО: Елмас ги комплетираше медицинските прегледи, „дијамантот“ е нов фудбалер на Лајпциг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот