Српската принцеза е меѓу првите жени кои освоилe медал на Олимпијадата

Дали знаевте дека српска принцеза учествувала на Олимписките игри во 1900 година во Париз, па дури освоила и медал? Ако не сте знаеле, ви ја пренесуваме оваа интересна приказна преземена од „Историскиот забавник“.

Вторите модерни Олимписки игри одржани во 1900 година во Париз биле посебни на многу начини. Во натпреварот во тоа време биле вклучени голем број необични дисциплини, од кои некои можеле да се видат само тогаш и никогаш повеќе. На пример, голфот, на листата на олимписки спортови се вратил дури во 2016 година, но за нас, ќе остане значајно неговото појавување во 1900 година ќе остане значаен поради фактот што една од освојувачките на медали беше и дамата која подоцна ќе стане српска принцеза.

Приказната всушност треба да започне со цела една гранка на Караѓорѓевиќ, за која денес мношне  малку се знае.

Имено, Караѓорѓе имал два сина – Алекса и Александар. Помладиот Александар станал кнез и сите подоцнежни владетели од династијата Караѓорѓевиќ се негови потомци.

Најстариот син на Алекса имал двајца внуци: Алекс и Божидар.

Алекса бил оженет со Американката Дариа Прат – освојувачка на бронзениот медал во голф за националниот тим на Соединетите Американски Држави.

Дамата која добро знаела да се омажи

Не се знае многу за животот на српската кнегиња Дариа Прат. Родена е како Абигејл Пенкхурст, но сите ја викале Еби. Од рана младост се движела во високото општество и познато е дека пред бракот со Алекс била двапати мажена.

Еби завршила како трета во женска конкуренција, со што се впишала во историјата како една од првите жени што освоиле олимписки медали (Олимписките игри во Париз беа првите на кои се натпреваруваа жените).

„Убавата Еби“, како што често ја нарекувале новинарите, на 11 јуни 1913 година, се омажила за српскиот принц Алекса Караѓорѓевиќ, земајќи го името Дариа како кралско име.

Бракот ги исплатил долговите на Алекс

Тој се оженил со Аби/Дариа во Париз, и покрај големото противење на неговата мајка, која не сакала американска снаа, па уште два пати мажена. Меѓутоа, Дариа била многу богата и се шпекулирало дека таа во бракот донела богатство доволно за да ги отпише сите долгови на Алекса што настанале откако ги потрошил парите на неговиот татко. Новата принцеза наводно во бракот со Алекса ја донела и својата ќерка од првиот брак за која таа исто така барала благородничка титула, но тоа не е потврдено.

Алекса и Дариа се венчале еден месец по завршувањето на Првата балканска војна. Амбасадорот на САД во Франција, Мајрон Т. Херик, бил еден од сведоците од страната на невестата, додека принцот Арсен Караѓорѓевиќ, братот на кралот Петар Први и грофицата Де ла Рибојзер биле сведоци на принцот Алекс.

Алекса и неговата сопруга го поминале медениот месец во јужна Франција. Колку што е познато, тие имале хармоничен брак.

Во текот на Првата светска војна, Алекса и Дариа дошле во Србија за да ѝ помогнат на земјата. Тој служел како претседател на српскиот Црвен крст, а таа водела една болница. По падот на воената престолнина Ниш, и двајцата учествувле во повлекувањето преку Албанија, за што подоцна Дариа објавила и книга.

Принцот Алекса починал на 15 февруари 1920 година, најверојатно од шпански грип. Принцезата Дариа го надживеала својот сопруг за цели 18 години и починала во Кан на 26 јуни 1938 година. Тие немаа деца и затоа, постарата гранка на династијата Караѓорѓевиќ по машка линија, престанала да постои.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот