Среќен крај на спортско-политичката драма на Игрите: Белоруската атлетичарка пристигна во Полска

EPA-EFE/Florian Schroetter

Белоруската атлетичарка Кристина Тимановскаја пристина во Варшава откако одби да се врати во својата татковина.
Таа на аеродромот во Варшава беше дочекана од некои нејзини сонародници кои порачаа дека се тука само да ја поддржат атлетичарката.

Дојдовме да ја поддржиме својата сонародничка која ја кажа вистината за тоа што се случува со спортот во Белорусија – изјави Евген Дудкин, 31-годишен студент кој пребегна во Полска откако белоруската полиција го задржа една ноќ во затвор поради учество на минатогоднешните простести.

Случајот со Тимановскаја само дополнително ќе ја изолира владата на Белорусија и режимот на Александар Лукашенко кој се наоѓа под санкции од западните држави и од САД откако минатата година ги апсеше политичките противници. Минатата година Лукашенко се соочи со големи протести по спорниот избори на кои доби нов претседателски мандат а за кои западните држави и САД, но и опозицијата тврдат дека се наместени.

Тимановскаја која одби да се врати во Белорусија и на аеродромот во Токио побара политички азил, две ноќи помина во полската амбасада во Јапонија по што прво отпатува за Виена, а потоа и за Варшава.
„Полска продолжува да покажува солидарност и да дава поддршка“, напиша на Твитер, полскиот заменик министер за надворешни работи, Марцин Прзидаж.

Тимановскаја во неделата порача дека нејзините тренери од неа барале да го напушти Олимпиското село и против нејзина волја да се врати во Минск бидејќи јавно ги критикувала тренерите но и членовите на белоруската делегација во Токио. Таа одби да се качи на авион и побара заштита од јапонските власти, а потоа Полска на неа и нејзиниот сопруг им додели хуманитарна виза.

ВИДЕО | Спринтерка во Токио побара помош од ИОК: Сакаат на сила да ме вратат во Белорусија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот