Средба Лукашенко-Путин во петок во Русија: Во тек се подготовките за состанокот

Фото: EPA-EFE/SERGEI BOBILYV / SPUTNIK / KREMLIN

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко во петок ќе ја посети Русија, каде ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

– Во тек се подготовки за таква работна посета на Лукашенко. Тоа ќе биде разговор меѓу двајцата претседатели, кој, како што беше планирано, ќе продолжи за време на работен ручек, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека не се планирани изјави за медиуми.

Песков претходно изјави дека средбата меѓу Путин и Лукашенко е планирана пред инцидентот со авионот на Рајанер кој Минск го приземји поради наводна закана за бомба.

ВИДЕО I Објавено видео од „признание“ на девојката на белорускиот новинар: Софија врти со очите и „рецитира“ што треба да каже

Меѓу патниците беше и Роман Проташевич, еден од основачите на каналот „Некст Телеграм”, кој во Белорусија се смета за екстремист и кој по слетувањето на авионот беше приведен во Минск.

Поради овој настан, лидерите на ЕУ најавија нови санкции против Белорусија.

Авионот потоа го продолжи своето патување кон Вилнус.

Песков рече дека Лукашенко ќе има можност детално да го информира Путин за околностите на инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот