ВИДЕО I Објавено видео од „признание“ на девојката на белорускиот новинар: Софија врти со очите и „рецитира“ што треба да каже

Софија Сапега, девојката на белорускиот новинар и дисидент чиј авион беше пренасочен кон Минск на летот Атина-Вилнус, каде и двајцата беа приведени, се појави во видео во кое таа го презентираше признанието, еден ден по објавата на видеото со признанието на Роман Проташевич.

Клипот објавен на провладиниот канал во вторникот на апликацијата „Телеграм“ покажува жена како седи на стол, велејќи дека таа е Софија Сапега, 23-годишна партнерка на опозицискиот активист Роман Проташевич. На видеото Сапега вели дека водела канал на „Телеграм“ наречен „Црна книга на Белорусија“, кој објавува приватни информации за полицијата, кривично дело за кое може да добие 15 години затвор.

Видеото од „признанието“ на Сапега беше објавено еден ден откако Проташевич се појави во сличен клип од притвор, „признавајќи“ дека организирал масовни демонстрации минатата година во Белорусија. Неговото семејство и пријатели тврдат дека тоа било присилно. Дмитриј Проташевич, таткото на активистот, рече дека носот на неговиот син бил видливо скршен и дека му се нашминкале лицето за да ги скријат модринки.

Утре итна неформална средба за Белорусија на Советот за безбедност на ОН

Светлана Тихановска, лидерот на белоруската опозиција, која и самата беше принудена да сними слично видео, рече дека е скоро сигурно дека „признанието“ на Роман се случило под „физички и морален притисок“.

На видеото Сапега не изгледа повредено, но нејзината мајка Ана Дудиќ изјави дека изгледа „исплашено“ и дека не зборува на вообичаен начин, објави Дејли меил.

– Таа се ниша, нејзините очи се насочени нагоре, како да се плаши да не заборави нешто – изјави таа за Би-Би-Си, опишувајќи го видеото како „наместено“.

На видеото се гледа како Сапега ги превртува очите и ја тресе главата, како да покажува дека ја натерале да го изговори наводното признание.

Проташевич и Сапега беа уапсени во неделата откако нивниот лет на линијата од Грција до Литванија, каде што живеат, беше пренасочен кон Минск поради наводна закана со бомба. По пристигнувањето во Минск, тие беа уапсени. Белоруските власти го ставија Проташевич (26) на нивната листа на барани „екстремисти“ затоа што тој помогна во водењето на каналот на „Телеграм“, кој организираше протести против „последниот европски диктатор“ Александар Лукашенко. Сапега, студент по право, е во врска со Проташевич околу половина година и не се смета дека е поврзан со неговите политички активности.

Утре итна неформална средба за Белорусија на Советот за безбедност на ОН

Не е јасно со какво обвинение се соочува Сапега, властите само рекоа дека ја држат според „неколку члена од белорускиот кривичен закон“ и дека ќе биде во затвор најмалку два месеци. Киднапирањето на авионот во кој беше двојката беше пречекано со остра меѓународна осуда и санкции против режимот на Лукашенко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот