Србите ќе плаќаат поскапа такса за јавниот медиумски сервис

ФОТО: Архива

Пратениците на српскиот парламент ги усвоија измените на Законот за привремено регулирање на начинот на наплата на јавниот медиумски сервис, со кои се зголемува претплатата за јавниот сервис за 50 динари (25 денари).

Наместо сегашните 299 динари (150 денари), таксата ќе биде 349 динари (175 денари). Во образложението на законот се наведува дека најцелисходно предложено решение е во периодот од 1 јануари 2016 до 31 декември 2025 година јавните медиумски услуги делумно да се финансираат од буџетот на Република Србија, а делумно од надоместокот за јавните медиумски услуги, кој би се наплаќал преку сметката за потрошената електрична енергија, со што се обезбедува висока стапка на наплата на даноците.

Ова решение е предложено, како што се наведува, „врз основа на статистички податоци за просечната плата и висината на пензиите во Србија, високите почетни трошоци за печатење и дистрибуција на фактури и несразмерно високите трошоци за започнување на постапката за наплата на неплатени побарувања на од една страна, и потребата од обезбедување услови за непречено извршување на основните активности на јавните медиумски услуги, од друга страна“, објави Нова.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот