Србија рутински ја реши Полска и си закажа осминафинална пресметка со Италија

Фото: fiba.basketball

Кошаркарската репрезентација на Србија на убедлив начин ги заврши настапите во групната фаза, во последниот натпревар во групата Д, избраниците на Светислав Пешиќ ја совладаа Полска со 96:69.

Србија славеше на сите пет натпревари и си закажа пресметка со Италија во осминафиналето.

Никола Јокиќ повторно беше најдобар во редовите на Србија со 19 постигнати поени за неполни 18 минути игра, додека Никола на првиот натпревар на ЕП даде 16 поени, а Марко Гудуриќ 15.

Во Милано, Италијанците ја оправдаа фаворитската улога против Велика Британија и победи со убедливи 90:56, и групната фаза ја заврши на четвртото место.

Двојки за осминафинале:
сабота
Германија – Црна Гора
Шпанија – Литванија
Словенија – Белгија
Турција – Франција

недела
Србија – Италија
Хрватска – Финска
Грција – Чешка
Полска – Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот