Србија пресилна за Италијанците

Репрезентацијата на Србија по втор пат на подготовките ја совлада Италија, овој пат на турнир во Шенжен, Кина. За разлика од првата средба која заврши со 32 поени разлика (96:64), овој пат Србите триумфираа со 71:65 иако имаа неверојатен пат во играта во последната  четвртина .

Избраниците на селекторот Александар Ѓорѓевиќ ја контролираа играта и резултатот сѐ до стартот на последната четвртина во која имаа неверојатен пад во играта и предноста од 16 поени (64:48) ја загубија за неколку минути.

„Аѕурите“ направија неверојатна серија од 17:0 со која дури и успеаја да поведат (64:65), но за комплетно изненадување немаа сила. Српските кошаркари со серија од 7:0 ја заверија победата на последниот турнир пред стартот на СП.

Најдобар во селекцијата на Србија беше Богдан Богдановиќ со 15 поени, Стефан Јовиќ постигна 11 поени, додека Немања Бјелица уфрли 10 поени, а кај Итлаија се истакна Марко Белинели со 18 поени.
Следниот дуел за српската селекција на истиот турнир е в недела против Нов Зеланд (13.30 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот