Србија потклекна пред „црвената  фурија“, за полуфинале со Аргетина

Големото дерби помеѓу кошаркарските велесили Шпанија и Србија и припадна на „црвената фурија“ која славеше со 81:69. Со овој триумф Шпанија го освои првото место во групата Ј и има отворен пат до полуфиналето, додека кошаркарите на Србија ги очекува четвртфинална пресметка со Аргентина, додека можен ривал во полуфиналето ќе биде селекцијата на САД.

Избраниците на селекторот Александар Ѓорѓевиќ многу подобро го отворија натпреварот и по првата четвртина имаа предност од седум (13:20), но потоа следеше неверојатен пад во играта во наредните две четвртини. Шпанците вториот период го добија со 32:17, додека по третатат четвртина имаа предност од 67-56.

Српските кошаркари се обидоа во последните 10 минути да дојдат до предност, но на секој нивни напад,  „фуријата“ имаше одговор и на крајот сосема заслужено победи со 81:69 и со обезбеди четвртфинална пресметка со Полска.

Рики Рубио со 19 поени беше предводник на Шпанците, додека Клавер уфрли 14. Кај Србите повторно најдобар беше Богдан Богдановиќ со 26 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот