Срамно е Зидан да зборува така за Бејл!

EPA-EFE

После загубениот натпревар во рамките од Интернационалниот Куп на шампионите од Баерн Минхен, францускиот тренер Зидан изјави дека очекува Бејл да си замине наскоро.

Велшкиот интернационалец има договор со Реал Мадрид до 2022 година и сѐ уште нема заинтересирани за неговиот потпис.

– Срамно е Зидан да зборува на овој начин на некој што му даде толку многу на Реал, и ако Герет замине, ќе биде затоа што е во негов интерес, а тоа нема да биде затоа што тоа го сака Зидан – вели Барнет.

Бејл ја освои ЛШ четири пати со „кралевите“, а минатата година постигна фантастичен гол во финалето против Ливерпул.

Агентот на Бејл изјави дека нема ништо конкретно во однос на понудите за неговиот клиент. Претходно ова лето, Барнет коментираше дека Велшанецот бил подготвен да води битка со Зидан за неговото место во Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот