Спремете се да „лазите“ низ Солун ако одите на Халкидики: обиколницата викендов ќе биде затворена

Сообраќајот на источната внатрешна обиколница на Солун ќе биде целосно затворен во двата правци во период од 48 часа, на делницата меѓу клучките К7 (Ептапиргио) и К8 (Тријандрија), објави грчки „Њуз 24/7“.

Мерката ја воведува Сообраќајната полиција на Солун, почнувајќи од 23 часот утре, на 13 март, поради работите за проектот „Флајоувер“ и рушењето на мостот „Агиос Павлос“.

Како што е соопштено, целосно ќе биде прекинат сообраќајот за сите возила на источната внатрешна обиколница во правец кон исток, кај излезниот крак на клучката К7 (Ептапиргио) што води кон улицата Антеон. Сообраќајот ќе се одвива преку улиците „Антеон“, „Елефтериу Венизелу“, „Акрополеос“ и преку авенијата „Охи“, од каде што возилата преку нов привремен крак повторно ќе се приклучуваат на обиколницата во правец кон исток.

Истовремено, целосно ќе биде прекинат сообраќајот на обиколницата и во правец кон запад, кај излезниот крак на клучката К8 (Тријандрија) што води кон улицата „Кацимиди“. Возилата ќе се пренасочуваат преку улицата „Кацимиди“ и другите улици во централното градско подрачје.

Според соопштението на грчката полиција, на возачите на камиони им се препорачува да ја користат трасата Монастириу – Егнатиа – Караманлис.

Дополнително, во сабота, од 9 до 17 часот, за да се избегне сообраќаен метеж, ќе биде забрането движењето на сите товарни возила со максимална дозволена маса над 3,5 тони на обиколницата на Солун, на делницата меѓу кружниот тек К13 (болница „Агиос Павлос“) и клучката К16 (Лаханагорa).

Исто така, од 18 часот во петок до 23 часот во недела, ќе биде забрането запирање и паркирање на сите возила на делови од улиците „Кацимиди“ (од улицата Скуфа до К. Караманлис), „Г’ Септември“ (од улицата Агиос Димитриос до Егнатиа), „Етникис Аминис“ (од Агиос Димитриос до Егнатиа), „Антеон“, „Елефтериу Венизелу“, како и на авенијата „Андреа Папандреу“ во општината Неаполи – Сикеон.

Сообраќајната полиција апелира до возачите да ги избегнуваат непотребните патувања кон затворените делници, да бидат особено внимателни и да ги почитуваат сообраќајните знаци со цел да се избегнат сообраќајни несреќи и сообраќајни метежи, и бара разбирање и соработка од граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот