Спречете го скапувањето на зелечукот и овошјето во фрижидер – Слободен печат
ЕспресоХрана

Спречете го скапувањето на зелечукот и овошјето во фрижидер

Триковите кои ги знаат домаќинките се често многу поделотворни од сите купeчки средста и се за што веќе сте чуле.

Ако сте од оние на кои секогаш овошјето или зеленчукот им скапува во фрижидерот, пред воопшто да стигнат да го изедат, па со грижа на совест го фрлаат во ѓубре – знајте дека на тоа му дојде крајот.

Триковите кои ги знаат домаќинките се често многу поделотворни од сите купeчки средста и се за што веќе сте чуле.

Откако дојде летото, овошје и зеленчук има во изобилие, но често се случува тоа брзо да скапе или да се муфлоса па морате да го фрлите. Ниту фрижидерот не е спас за ова, па на крај ќе морате да ги фрлите овие намирници.

Дали сте слушнале за трик со сунѓери?

Значи се што е потребно е да купите три најобични кујнски сунѓери и да ги ставите во фиоката или преградата каде што држите овошје и зеленчук. Важно е сунѓерите да ја покријат целата површина.

Преку сунѓерите ќе се апсорбира вишокот влага и тоа ќе го забави скапувањето.

Вреди да пробате, зарем не? Признајте дека подобро е да купувате три сунѓери месечно отколку постојано да фрлате скапани намирници во ѓубре.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close