Спречен бомбашки напад на концертот на Лејди Гага во Рио
Бразилската полиција соопшти дека спречила бомбашки напад планиран на концертот на пејачката Лејди Гага на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро во саботата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Полијата, во соработка со Министерството за правда, изјави дека осомничените регрутирале учесници за извршување напади со импровизирани експлозивни направи, а планот имал за цел да привлече внимание на социјалните мрежи, пренесува Би-Би-Си .
Лицето одговорно за планот е уапсено, а еден тинејџер е приведен, изјави полицијата.

Полицијата соопшти дека групата што го планирала нападот ширела говор на омраза, главно насочен против деца, адолесценти и ЛГБТИК+ заедницата.
Поп-иконата Лејди Гага во саботата приреди спектакуларен и бесплатен концерт пред повеќе од два милиони луѓе на прочуената плажа Копакабана во Рио де Жанеиро, кој е нејзин најголем настап досега.
Концертот, организиран и финансиран од градските власти, беше дел од поширока иницијатива за економски подем на бразилската метропола, со очекувања дека ќе донесе преку 100 милиони долари во локалната економија
ФОТО+ВИДЕО | Вистинска гордост: Македонец ја доби главната улога во новиот спот на Лејди Гага


