Според податоци на национални влади и на СЗО: Најмалку 54 милиони носители на ковид-19 во светот и над 34 милиони оздравени

Брза помош / Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Коронавирусот однесе најмалку 1.313.471 милиони човечки животи досега во светот од почетокот на пандемијата, според податоци на националните влади и на Светската здравствена организација (СЗО). Потврдени се најмалку 54.001.750 милиони случаи од кои најмалку 34.599.700 милиони се заведени како опоравени.

Тие податоци веројатно одразуваат дел од сите случаи, бидејќи има многу што се непотврдени. Многу земји тестираат само луѓе со симптоми или посериозни случаи.

Вчера ширум светот беа пријавени 9.246 починати пациенти и 607.998 заразени. Само во САД, во последните 24 часа, се потврдени 1.351 смртен случај, во Бразил – 921, а во Мексико – 635.

САД се најпогодена земја во светот со вкупно 245.614 смртни случаи и 10.905.598 милиони заразени додека оздравени се најмалку 4.148.444 милиони лица.

Втора најпогодена земја, по САД, е Бразил со 165.658 смртни случаи од 5.848.959 милиони случаи. Потоа, Индија со 129.635 смртни случаи од 8.814.579 милиони случаи, Мексико со 98.259 смртни случаи од 1.003.253 милиони заразени и во Велика Британија 51.766 смртни случаи од 1.344.356 милиони заразени.

Земја со највисока стапка на смртност по глава на жител е Белгија со 123 смртни случаи на 100 000 жители. Потоа Перу (107 смртни случаи), Шпанија (87 смртни случаи) и Аргентина (78 смртни случаи).

Во Кина, со исклучок на Хонг Конг и Макао, има 86.338 случаи, вклучително и 4.634 смртни случаи и 81.319 закрепнувања.

Во Јужна Америка и на Карибите има вкупно 423.176 смртни случаи од 12.023.640 милиони случаи, во Европа 334.968 смртни случаи од 14.432.068 милиони заразени, а во САД и во Канада 256.487 смртни случаи од 11.195.957 милиони случаи.

Бројот на смртни случаи во Азија е 181.799 од 11.440.026 позитивни лица, на Блискиот Исток – 68.991 смртни случаи од 2.913.735 милиони инфекции, во Африка – 47.109 смртни случаи од 1.966.317 милиони заразени и во Океанија – 941 смртен случај од 30.008 потврдени носители на вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот