Месарите открија: Најголемата грешка што луѓето ја прават кога купуваат месо
Месарите се експерти за месо, вистински „хирурзи за протеини“ кои точно знаат каде да сечат, како кое парче да се користи и што го прави уникатно, а исто така знаат и кои најчестите грешки што луѓето ги прават кога купуваат месо. Една од нив е најчеста, а искусните месари ја открија за порталот „Симпли ресепис“ (Simply Recipes).
Препорачано
Зошто е клучен разговорот со месарот?
Месото е често најскапиот дел од оброкот, па наместо да се потпирате на методите за обиди и грешки, искористете го знаењето што месарот може да ви го понуди. Тие можат да ви помогнат да го пронајдете совршеното парче месо по најдобра цена. Заборавете на интернетските пребарувања и прашајте ги луѓето што секој ден го сечат, обработуваат и подготвуваат месото. Нивното искуство и лични совети се непроценливи, а најголемата грешка што ја прават луѓето е што не го прашуваат месарот за совет.
На пример, сите парчиња говедско месо ne се исти. Освен разликата во цената, секое парче има единствена структура на мускулите што влијае на мекоста и вкусот. Месарот Дени Ариага објаснува дека клиентите често се двоумат помеѓу рамстек и вешалица, а тој речиси секогаш ги насочува кон вешалицата.
– Рамстекот е тежок за сечење, додека вешалицата има повеќе вкус благодарение на својата мускулна структура – вели Ариага.
Повеќе од совет – прашање на безбедност
Вашиот месар е исто така важен извор на информации за безбедноста на храната. Месарот Ед Кембел истакнува дека една од најчестите грешки што ги забележува е несигурноста на клиентите околу правилните температури на печење.
– Можеме да помогнеме да се спречи двоумењето и погодувањето – објаснува тој и истакнува дека советите за тоа како треба да се пече парче месо и на која температура можат да ве спасат од сув, препечен оброк, но и од здравствени ризици.


