Спектакл во Торино: Франција „воскресна“ и со пресврт ја совлада Белгија

Французите победничкиот гол го постигнаа во судиското продолжение/ фото: EPA-EFE/Alessandro di Marco

Селекцијата на Франција е вториот финалист на завршниот турнир во Лигата на нации откако во фанстистичен натпревар со пресврт ја совлада Белгија и си закажа дуел со трофејот со Шпанија.

Французите на „Алијанц Арената“ во Торино со 3:2 ја совладаа Белгија иако по првото полувреме губеа со 0:2. Затоа во вториот дел одиграа одлично и постигнаа три гола, а погодокот кој ги однесе во финалето беше дело на Тео Ернандез.

Белгијците беа далеку подобар тим во првиот дел и диминацијата на теренот ја крунисаа со два гола за четири минути, првот Јоан Караско во 37. минута погоди за водство од 0:1, а во 41. минута Ромелу Лукаку зголеми на 0:2.

Но, во второто полувреме, случувањата на теренот во Торино беа тотално спротивни, Франција беше репрезентацијата која доминираше и на крајот успеа да направи пресврт.
Прво во 62. минута Килијан Мбапе му асистираше на Карим Бензема за 1:2. Само седум минути подоцна Мбапе донесе израмнување од белата точка, откако претходно судијата досуди пенал по прекршокот над Гризман.

Белгијците се обидоа да го вратат водството, имаа две одлични шанси преку Кевин де Брујне, додека Франција се закани преку Мбапе во 86 минута.
Следната минута, Белгија постигна гол преку Лукаку но беше поништен поради офсајд.
Тоа не беше крај на возбудувањата, Пол Погба во 90 минута ја погоди пречката, но само 30-тина секунди подоцна Тео Ернандез успеа да го совлада Куртоа и да ја однесе Франција во финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот