Спектакл во Париз: Нејмар и Мбапе против „машинеријата“ на Гвардиола

epa09133583 Paris Saint Germain's Kylian Mbappe (L) and Bayern's Joshua Kimmich (R) in action during the UEFA Champions League quarterfinal second leg soccer match between Paris Saint-Germain and FC Bayern Munich, in Paris, France, 13 April 2021. EPA-EFE/IAN LANGSDON

По завршувањето на четвртфиналните пресметки во Лигата на шампионите, на сите им беше јасно дека еден двомеч во полуфиналето ќе понуди вистински спектакл, тоа е дуелот помеѓу ПСЖ и Манчестер сити.
Двете екипи играат тотален фудбал, тоа се тимови кои се способни да постигнат многу голови, но и да се бранат доколку е потребно, а згора на тоа на клупите седат тактички генијалци како Маурицио Покетино и Пеп Гвардиола.

Покетино не крие дека по елиминацијата на Барселона и Баерн Минхен, притисокот дополнително го мотивира.
– Против Барселона и Баерн го привлековме вниманието на сите бидејќи внесовме нов живот во фудбалот со фантастичните натпревари. Пред натпреварот со Барселона сите зборуваа за оној пораз од 6:1 и тоа внесе мала нервоза кај нас. Пред дуелите со Баерн никој не веруваше дека можеме да успеме, ама токму ние сме во полуфиналето. Не очекува супер предизвик против Манчестер сити. Лигата на шампионите е главна цел на управата и напрно работиме за да успееме – изјави Покетино.

Очекувано, целиот фокус на играта на ПСЖ е ставен на неверојатниот двоец во нападот, Килијан Мбапе и Нејмар.
– Со Нејмар се е лесно, тој е отворен за соработка, слуша и без проблем ги прифаќа инструкциите. Бразилците имаат нешто посебно во себе, го сакаат фудбалот кој за нив е како танц и токму така играат на теренот. Што се однесува до Мбапе, го сака фудбалот и постојано зборува за него и верува во својот талент – додава Покетино.

EPA-EFE/FREDERIC SCHEIDEMANN

Од друга страна, Манчестер сити ќе се обиде да дојде до своето прво финале во ЛШ и токму за таа цел беше донесен Пеп Гвардиола во 2016 година. Уште еден адут на Сити во пресметката со ПСЖ е тоа што Гвардиола има подобар скор во дуелите со Покетино, тие досега имале 18 дуели меѓу себе и Шпанецот победил на десет, Аргентинецот на три, додека пет пат натпеварите на нивните екипи завршиле без победник.

– Речиси е невозможно да се контролира ПСЖ, таму не се само Нејмар и Мбапе, туку и Ди Марија, Дракслер, Верати, Паредес… Имаат добро организирана одбрана, но ова е полуфинале на ЛШ и сите знаеме дека нема да биде лесно. Ние ќе се обидеме да го играме нашиот фудбал, нашата сила е таа што сите 11 играчи трчаат и токму тоа треба да го направиме против вака силен тим – вели Гвардиола.
Адутот на Гвардиола е тоа што неговите екипи играат со голем посед на топката, но тоа против ПСЖ не мора да значи ништо, бидејќи „светците“ тоа го потврдија во четвртфиналето против Баерн кој имаше подобра статистика.
– Баерн имаше 50 шутеви кон голот на ПСЖ и загуби, додека тие имаа 4-5 удари и се пласираа во полуфиналето. Но, таков е фудбалот, непредвидлив, можете да имате подобри шанси и статистика и на крајот да загубите.Ова ќе бидат натпревари на две екипи кои играат офанзивен фудбал – додава Пеп Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот