Спектакл на „Адриа Тур“: Победа на Ѓоковиќ и Јанковиќ во дубл! (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во центарот на вниманието покрај првиот светски рекет, беше и Јанковиќ која после три години повторно игра тенис, а на крајот се радуваа на победа во тај-брејк со 7:6.

Хуманитарниот тениски турнир „Адриа Тур“ започна со меч во двојки во кој се сретнаа Новак Ѓоковиќ и Јелена Јанковиќ против Ненад Зимоњиќ и Олга Даниловиќ.

Во центарот на вниманието покрај првиот светски рекет, беше и Јанковиќ која после три години повторно игра тенис, а на крајот се радуваа на победа во тај-брејк со 7:6.

Првите три гема на „ТЦ Новак“ ги освоја Јанковиќ и Ѓоковиќ, а потоа после сервисот на Даниловиќ следуваше серија на вториот микс дубл пар и дојдоа до израмнување на 3:3.

Во понатамошниот дел од дуелот се играше гем за гем, поен за поен. Никој не успеа да направи разлика, па на крајот победникот се дозна после тај-брејк“ каде што исто така беше драматично.

После 11 одиграни поени Ненад и Олга имаа меч топка, но Даниловиќ ја погоди мрежата. Ова го искористија поискусните тенисери и дојдоа до триумф, прв на „Адриа Тур“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот