Специјалист за одбрана, Вардар не може без Бразилец!? – Слободен печат
РакометСпорт

Специјалист за одбрана, Вардар не може без Бразилец!?

Рожерио Мораеш си замина на крајот од сезоната, тој ќе настапува за Веспрем од наредната сезона, а Толедо сега е новиот бразилски „таргет“.

Рускиот десен бек, Дмитри Кисељев го напушти Вардар, а на новиот тренер Писонеро потребен му е нов играч кој ќе го пополни тоа место.

Можно е изборот да биде паднат на Хозе Толедо (25) кој доаѓа од Бразил кој освен во нападот, може да ја зацврсти и одбраната.

EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Воедно би можел и да претендира за главниот дефанзивец на тимот. Секако една добра опција за партнер на Даинис Криштопанс, Бразилец пред Висла играше една сезона и во Шпанија за Грањолерс.

Висок 193 сантиметри, специјалист за играта во одбрана, што ќе биде секако можност за уште поцврста игра пред голот. Минатата сезона во елитното европско натпреварување на ЛШ за полската екипа реализираше 41 погодок.

Претходно Вардар ги ангажираше летонскиот голман Артурс Кугис, и двајцата руски репрезентативци, централниот бек Павел Атман и пивотот Сергеј Горпишин. А и Скубе воедно го продолжи договорот со „црвено-црните“.

И натаму се шпекулира околу триото на Металирг, Димитар Димитриоски, Мартин Серафимов и Филип Арсеновски, како и за Филип Талески кој до сега ги бранеше боите на Рајн Некар Левен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close