Руски „пакет“: Горпишин и Атман официјално во Вардар!

Фото: РК Вардар

Сергеј Горпишин (21) настапува на позицијата пивотмен и доаѓа од бундеслигашот Ерланген каде играше од летото 2017 година, а Павел Атман (32) игра на позицијата лев и среден бек и исто така доаѓа од бундеслигата односно од тимот на Хановер.

Двојниот европски првак сериозно се подготвува за новата сезона каде повторно ќе игра на три фронта, во лигата на шампионите, во СЕХА лигата и во плејофот во домашното првенство.

Ова се две засилувања што им се придружуваат на летонскиот голман Артурс Кугис.

Горпишин е висок е 200 см, а тежок 106 кг. Тој е роден во Германија и кариерата ја започнал во третолигашот Ајнтрахт Хилдесхајм, а потоа две сезони бил дел од второлигашот Спринге, пред да замине во Ерланген.

Фото: РК Вардар

Син е на познатиот руски ракометар Вјачеслав Горпишин дел од златниот тим на Русија од Олимпијадата во 2000 година во Сиднеј.

Сега помладиот Горпишин успешно влегува во репрезентацијата на Русија и настапи на СП 2019 година, и играше и во квалификациите за ЕП 2020 година и постигна два гола.

Фото: РК Вардар

Атман кариерата ја почна во тимот на Кустик во 2010 година, а во периодот од 2010 до 2013 настапуваше за Динамо Минска.

Потоа две сезони играше во Металург, по што замина за Мешков Брест. Потоа настапуваше и за Хановер. Дел е од репрезентацијата на Русија на последните големи натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот