Официјално: Вардар потпиша договор со голманот Артурс

Фото: rkvardar.mk

Сезонава Артурс одигра 35 натпревари за Гросвалштат, а со репрезентацијата на Летонија избори пласман на ЕП 2020 година.

Артурс беше особено забележителен во квалификациите за ЕП 2020 година, и неговите одбрани беа одбележани и од страна на ЕХФТВ по натпреварот со Словенија. Првпат Летонија избори место на ЕП, тој е соиграч на нашиот десен бек Даинис Криштопанс.

– Навистина сум среќен што потпишан договор со Вардар, и ќе бидам дел од еден од најдобрите спортски тимови во ракометот. Се разбира со потпишувањето на овој договор си поставив и цел да бидам најдобар што можам. Скопје за мене е центарот на ракометот. Се надевам заедно можеме многу да постигнеме. Сакам да се заблагодарам на клубот што ќе можам да играм за Вардар. Едвај чекам да играм во „Јане Сандански“ – изјави Кугис Артурс.

Вардар во втората половина на јули ќе ги почне подготовките за новата сезона, а сигурно е дека на крајот на август треба да настапи на Супер Глоуб каде ќе се обиде да стигне и до титулата на неофицијалното клупско СП.

Од претходно се најавуваат уште неколку нови играчи во македонскиот првак и тоа од редовите на Металург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот