
Вардар го ангажираше нашето лево репрезентативно крило Димитар Димитриоски (21) кој денеска ги финализираше и деталите со „црвено-црните“.
Доаѓа од редовите на Металург и ќе му биде поддршка на рускиот интернационалец Тимур Дибиров на левата крилна позиција.

Претходно тимот на Вардар го напушти Владо Недановски, а се најавуваат уште неколку нови играчи исто така од Металург.
Станува збор за уште еден репрезентативец Мартин Серафимов кој игра на позицијата десен бек. Еден од најголемите наши ракометни таленти, и доколку се реализира трансфер, ќе му прави друштво на летонскиот „џин“ Криштопанс.
А се спомнува и досегашниот пивот на Металург, Филип Арсеновски кој своевремено и беше дел од вториот тим на Вардар.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.