Спасувачите го извлекоа телото на босанскиот турист кој падна во немирните води на Јадранот
По цели три часа акција и неколку откажувања поради немирното море, во Дубровник доцна попладнево е извлечено телото на турист од Босна и Херцеговина, кој бил повлечен во морето додека се фотографирал со семејството на карпи на местото Бужа, јавија локалните медиуми.
Препорачано
Според информациите на „Дубровачки дневник“, надлежните служби добиле пријава за несреќата околу пладне, по што членови на Пристанишната управа, полицијата и Хрватската крајбрежна стража веднаш излегле на местото на настанот.
Операцијата за извлекување на телото била отежната поради силниот ветер југо и брановите високи до пет метри.
Капетанот на пристаништето Мато Кекез го потврдил завршувањето на операцијата.
Во операцијата учествувал и Доминко Радиќ од Дубровник, кој прв пристигнал на местото на несреќата со својот чамец, но по речиси два часа борба со брановите бил принуден да се откаже поради страв за својата безбедност.
ВИДЕО: Босанец падна од карпа во Дубровник, исчезна во бесното море
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
6час
-
7час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


