Спасовски предупреди: Никој не смее да профитира на грбот на граѓаните, инспекциите се на терен

Буџетот е ликвиден, а економскиот тим на владата ја следи моменталната ситуација и нуди мерки и решенија за економијата на земјата.

-Буџетот во овој момент е ликвиден. Сите набавки кои ги правиме, ги правиме во рамките на буџетите на министерствата. Сега за сега нема потреба од ребаланс, но тоа не е состојба која е исклучена, не само кај нас, туку кај сите. Бевме сведоци што рече и германскиот канцелар – дека и опасноста од огромно зафаќање на населението од Корона вирус е многу веројатно, но и дека буџетот е толку отворен што не размислуваат за својот дефицит. Во тој дел сме подготвени. Економскиот тим на владата прави анализи и во одреден момент, ќе понудиме мерки и решенија за економијата за сите заедно да го пребродиме овој период, рече Спасовски на гостувањето во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Техничкиот премиер апелира за одговорност како од граѓаните, така и од бизнис заедницата

-Во реалниот сектор донесовме препораки дека треба да бидеме на висина на сопствената одговорност е повеќе од сигурно. Затоа во повеќе наврати апелирав до граѓаните да бидеме одговорни. Тука секако е бизнис заедницата опфатена, но од друга страна апелирам дека оваа состојба не е состојба на искористување. Но гледам дека во државата ни се случува и таква активност, рече премиерот.

Спасовски предупреди дека никој не треба да профитира на грбот на граѓаните и дека инспектициите се пуштение на терен.

-Пуштени се инспекциите на терен, затоа што имаме состојба кога некој сака да ќари врз грбот, здравјето на граѓаните. Не сакам ни да замислам дека денеска може било која компанија да гледа низ призма на сопствениот профит. Колку повеќе луѓето се загрижени за здравјето, па да ги качуваат цените на продуктите. Во овие услови кога сите се бориме за справување со состојбата, никој не смее да профитира врз грбот на граѓаните, изјави Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот