Спасовски: На 4 февруари ќе одлучиме дали Џамбаски ќе влезе во земјава за чествувањето на Гоце Делчев

Министрите Спасовски и Османи/Фото: Скриншот

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во одговор на новинарско прашање дали Џамбаски на чествувањето на Гоце Делчев, на 4 февруари ќе биде вратен од граница, кратко одговори дека тој ден ќе одлучат што ќе прават.

За Спасовски врвен приоритет е Владата да го зачува мирот и стабилноста во државата.

-Не е добро за политичките односи и внатре во државата и помеѓу соседите. Знаеме дека секогаш имаме радикални структури кои поради лични или други интереси сакаат да се нарушува тој процес на стабилизација на односите. Од друга страна, никако не смееме да дозволиме да се наруши безбедноста на нашите граѓани. Владата вчера разговараше на оваа тема, го заложи МВР да преземе надлежности во зачувувањето на безбедноста и стабилност во соработка со Агенцијата за национална безбедност, изјави Спасовски.

Владата на вчерашната седница го одби предлогот на претседателот Пендаровски да се воведе забрана за неколку лица од Бугарија. Пендаровски, напоменувајќи дека тој според неговите надлежности може само да предложи ваква мерка, рече дека предлогот за забрана на влезот во Македонија се однесувал на повеќе лица од Бугарија, меѓу кои и еден пратеник на земјата во Европскиот парламент.

Иако не го спомена по име Ангел Џамбаски, претседателот во одговор на новинарско прашање не негираше дека се работи токму за бугарскиот европратеник, кој неодамна беше во Скопје на одбележувањето на годишнината од смртта на Мара Бунева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот