Спасеновски: Правно се можни уставни измени со одложено дејство, Македонија ова веќе еднаш го има направено

Фото: Телма / принтскрин

Универзитетскиот професор по Уставно право и поранешен пратеник и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Спасеновски, во вечерашното гостување во емисијата „Вин-вин“ на телевизија „Телма“, за предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за одложено стапување во сила на уставните измени, во моментот на приемот на земјава во ЕУ, вели дека од внатрешноправен аспект тоа е можно, наведувајќи дека Македонија има пракса со одложени уставни измени.

„Во однос на одложеното стапување на уставните измени, тука треба да правиме разлика помеѓу техничка внатрешна можност и реална политичка изводливост на идејата за одложено стапување на уставните измени. Доколку анализираме од внатрешноправен аспект дали е можно, одговорот е да и тоа ќе се предвиди во уставниот закон за спроведување на Уставот, кој би се условил веднаш по одлуката за прогласување на Уставот. Тоа веќе еднаш го имаме направено, по последните уставни измени од 2019 година, кога во уставниот закон за спроведување на Уставот, во членот 1 беше предвидено дека овие уставни измени ќе стапат на сила во моментот кога ќе престане важењето на Времената спогодба, и кога ќе стапи во сила Протоколот за членство на државата во НАТО“, објасни Спасеновски.

Мицкоски бара преодна влада без ДУИ: Идниот премиер ќе го изберат мнозинството пратеници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот