Мицкоски бара преодна влада без ДУИ: Идниот премиер ќе го изберат мнозинството пратеници

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

„Ова е преодна влада која што ќе биде со важност до  организација на избори, а потоа граѓаните ќе одлучат. Добро е да сме дел од тој процес, на тој начин ќе спречиме евентуална злоупотреба на изборниот процес и неправилности, што е важно за да имаме кредибилен изборен процес и тоа на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните ќе им даде доверба дека процесот кој следи и претседателски и парламентарни се согласно законите и Уставот”, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Кочани, одговарајќи на новинарско прашање за предлогот за преодна влада иако со ВМРО-ДПМНЕ и СДС се ривали.

Мицкоски појасни дека  тоа треба да биде преодна влада без учество на ДУИ со сите останати политички партии, односно дека добро е консолидираната опозиција на албански политички партии да биде дел од таа влада, додека уставните измени да важат откако Македонија ќе стане дел од ЕУ.

„Идниот премиер нема да биде премиер поради договорот кој го направиле СДС и ДУИ, туку ќе биде премиер кој го избрале мнозинството пратеници во рамките на Собранието. Тоа го предложивме ние како ВМРО-ДПМНЕ и очекуваме одговор од СДС”, рече Мицкоски.

„Кога станува збор за уставните амандмани ние рековме во ред, еве да речеме да го прифатиме гласањето за тие но, но да биде ефектот одложен односно со одложено дејство. Тоа значи практично околностите нема да се променат нема да имаме промена на устав тие амандмани нема да бидат дел од новиот устав се до моментот додека Македонија не стане земја членка на ЕУ. На тој начин го заштитуваме нашиот идентитет и на тој начин ние кажуваме дека нема да има дополнителни отстапки кои ќе можат да му наштетат на нашиот идентитет”, истакна Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот