Спалети можен наследник на Жардим во Монако

twitter.com/ASMonacoEnglish

Клубот од Кнежеството освои само два бода во пет кола. Тој може да биде сменет и на негово место да дојде Лучиано Спалети, кој го напушти Интер на крајот на минатата сезона.

Тренерот на Монако, Леонардо Жардим, наскоро може да ја напушти функцијата поради незадоволителни резултати, пренесува „Калчомеркато”.

Жардим беше отпуштен од Монако минатата сезона, но наскоро се врати, заменувајќи го Тиери Анри.

Претходните неколку дена се шпекулираше дека раководството на Монако во октомври ќе одлучува за тренерската иднина на Жардим во клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот