СП: Ѓорѓевиќ го скрати списокот пред Кина

https://twitter.com/FIBAWC

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Александар Ѓорѓевиќ пред настапот на СП одлучи дека подготовките за Мундобаскет ќе ги продолжи со 14 играчи.

За место на СП конкурираат: Милош Теодосиќ (Виртус Болоња, Италија), Стефан Јовиќ (Баерн Минхен, Германија), Василије Мициќ (Анадолу Ефес, Турција), Богдан Богдановиќ (Сакраменто Кингс, САД), Драган Милосављевиќ (Уникаха, Шпанија), Марко Гудуриќ (Фенербахче, Турција), Владимир Лучиќ (Баерн Минхен, Германија), Марко Симоновиќ (Зенит Ст. Петерсбург, Русија), Немања Бјелица (Сакраменто Кингс, САД), Стефан Бирчевиќ (Баскетс Бон, Германија), Никола Јокиќ (Денвер Нагетс, САД), Мирослав Радуљица (Џиангсу Драгонс, Кина), Никола Милутинов (Олимпијакос, Грција) и Бобан Марјановиќ (Филаделфија Сиксерс, САД).

Србите во белградската „Штарк“ арена в сабота од 21.00 часот и на 12 август во Каунас ќе игра контролни натпревари против Литванија. Потоа, од 16-18 август најдобрите српски кошаркари ќе учествуваат на меѓународниот турнир „Акрополис куп“ во кој ќе учествуваат уште домаќинот Грција, Италија и Турција.

Селекторот Ѓорѓевиќ изјави дека конечниот список од 12 кошаркари ќе го соопшти пред почетокот на СП во Кина кое што ќе се организира во периодот од 31 август до 15 септември. Србите се во група со Ангола, Филипини и Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот