Совршено тирамису: Тајната е во маскарпонето

Традиционално тирамисуто се подготвува од свежи јајца, крем-сирење маскарпоне, кафе и пишкоти, но денес има и различни рецепти со јагоди, лимон дури и тиква. Подготовката не е комплицирана, но во секој чекор треба да обрнете внимание на детали, за да добиете фантастичен резултат.

1. Пишкотите не ги топете – доволно е секоја пишкота едноставно да ја брцнете во кафето и веднаш да ја извадите. Не треба да ги киснете. Можеби ви се чини дека тоа е малку и дека нема да впие од вкусот на кафето, но верувајте дека не е така, а пишкотите ќе го задржат својот облик.

2. Алкохолот можете да го прескокнете – иако ретко кој се буни на неколку капки алкохол во слатките, има луѓе кои не го сакаат. Тирамису можете да направите и без алкохол, вкусот нема да му се смени. Сепак каков и да правите тирамису, напомнете им на гостите дали во него има или не алкохол.

3. Тајната е во маскарпонето – има неколку видови крем-сирења кои се користат за подготовка на тирамису, но за најдобар вкус сепак е потребно маскарпоне. Иако станува збор за малку поскапо крем-сирење, сепак вкусот во комбинација со пишкоти и кафе е незаменлив.

4. Какаото е задолжително – откако ќе го наредите тирамисуто, не заборавајте го какаото. Посипете со обилен слој какао на површината од десертот и тоа со помош на цедилка, за да не останат грутки. Ако немате какао можете да ставите рендано чоколадо.

5. Нека отстои во фрижидер – готовиот десерт задолжително треба да отстои неколку часа во фрижидер за да се соединат вкусовите. Најдобро е ако остане во фрижидер преку ноќ.

Во продолжение погледнете го видеото како да направите оригинално италијанско тирамису, по рецепт на познатиот готвач Џенаро Конталдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот