Совет на обвинители - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Совет на обвинители - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Советот на јавни обвинители ја констатира оставката на обвинителката Ленче Ристоска

Советот на јавните обвинители на денешната седница го усвои барањето на Ленче Ристоска за престанок на функцијата јавен обвинител во ОЈО Скопје.

Претседателот на Советот, Башким Бесими, информира дека Ристоска на 2 април годинава поднела барање за престанок на функцијата јавен обвинител по сопствено барање.

„Овде нема расправа, констатирам дека е усвоено барањето за престанок на функцијата на Ленче Ристоска“ – изјави Бесими.

На прашањето како ги коментира причините за оставката на Ристоска, Бесими по седницата рече дека нема да коментира никакви причини, бидејќи во согласност со законот Советот само констатира престанок на функцијата.

„Тоа е нејзина одлука. Ние само констатираме оставка. Не коментирам изјави на колешката… Во согласност со законот, има право, во секое време, секој обвинител да поднесе барање за повлекување, ние само констатираме – изјави Бесими.

Реакции за оставката на Ристоска – кој обвинител ќе ги наследи предметите против ВМРО-ДПМНЕ?

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе оставка од функцијата јавен обвинител откако новиот републички јавен обвинител Ненад Савески ја тргна од предметите „Талир“ што ги водеше против актуелната владејачка ВМРО-ДПМНЕ.

Советот испрати порака дека обвинителите се оставени сами да се справуваат со притисоци од центри на моќ, вели Ристоска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот