Совети и рецепт: Како да направите домашен мед од тиква, го чисти црниот дроб, ја смирува кашлицата…
Тиквата е еден од најконцентрираните извори на алфа-линоленска киселина (АЛА), омега-3 есенцијална масна киселина која е многу добра за здравјето на срцето.
Препорачано
Медот од тиква се смета за делотворен во ублажувањето на болестите на црниот дроб и бубрезите, за исфрлање на камен од жолчката, лекување на уринарните канали, но и за сува и упорна кашлица.
Оние што страдаат од констипација (запек) можат да го консумираат медот од тиква, бидејќи тој содржи влакна, но и каротен и бројни витамини.
Се смета дека помага во борбата со зголемениот холестерол, атеросклерозата. Користењето мед од тиква се препорачува и кај луѓето со вишок килограми.
Рецепт
Еве како да подготвите мед од тиква:
1. За подготовка на медот ќе ви биде потребна една зрела жолта тиква.
2. Сè што е потребно е да го отсечете врвот и да ја извадите внатрешноста (семките и влакната).
3. Во добиениот отвор ставете шеќер, каков било по ваша желба.
4. Одозгора поклопете со отсечениот врв и оставете ја тиквата 10-тина дена на студено место.
5. Најдобро е тиквата да ја ставите во некој поголем сад бидејќи со текот на времето ќе омекне и ќе биде тешка за преместување.
За тоа време шеќерот ќе се истопи во сокот од тиква. Откако шеќерот ќе се растопи, тргнете го капакот и добиената течност сипете ја во стаклен сад.
Ако, случајно, капакот од тиквата го зафати мувла, нема потреба од грижа. Во тој случај, направете дупка на дното од тиквата и низ неа сипете го медот во садот.
А, како ќе го користите медот – тоа е ваш избор
Можете да го користите како засладувач на чај, можете да го јадете самостојно 2-3 пати дневно, по 2-3 лажички, можете да го користите како прелив за палачинки или измислете своја варијанта, сè зависи од вашата фантазија.


