Сотирова-Бухова: Миле Зечевиќ не се тестирал за ковид на 19 јануари

Миле Зечевиќ/Фото: Слободен печат

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат доктор Ирина Сотирова Бухова за „Слободен печат“ вели дека генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ на 19 јануари не бил евидентиран во системот на тестирани лица на 19 јануари.

-Зечевиќ не е во системот на тестирани лица на 19 јануари. Законот е јасен и важи за сите, самоизолација од моментот на тестирањето, вели доктор Сотирова Бухова.

Претходно и самиот Зечевиќ негираше дека за време на посетата на Охрид бил позитивен или имал симптоми откако ВМРО ДПМНЕ го обвини дека на Водици ширел ковид во Охрид. Тој тврди дека се тестирал после посетата на Охрид и резултатот бил позитивен.

„Огромна е разликата помеѓу Миле Зечевиќ и неодговорноста на Кирил Пецаков. Кирил Пецаков додека чекал резултати за ковид-19, спротивно на протоколите, беше помеѓу граѓаните на одбележувањето на празникот Водици, наместо да биде во изолација“, истакнаа од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крие дека Зечевиќ бил позитивен и ширел зараза во Охрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот