ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крие дека Зечевиќ бил позитивен и ширел зараза во Охрид

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Додека СДСМ ја замајува и ја лаже јавноста за охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, нивниот генерален секретар Миле Зечевиќ на 19-ти во Охрид за време на Водици, без заштита, без маска ширеше корона меѓу охриѓани, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Миле Зечевиќ и официјално е позитивен на коронавирусот од 20-ти јануари, што значи дека претходниот ден ширел корона меѓу охриѓани.

Ја повикуваме директорката на центарот за јавно да го осуди неодговорното постапување на Миле Зечевиќ. Да се оттргне од партиските канџи на СДСМ и наместо како портпаролка на власта нека постапи совесно и нека побара кривична пријава за Зечевиќ.

СДСМ напаѓајќи го и фингирајќи случај против градоначалникот Кирил Пецаков само докажува дека се неспособни да се справат со короната која однесе над 8 илјади животи, стои во нивното соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот