Сослушан менаџерот на Здравко Чолиќ поради бомбашкиот напад врз куќата на пејачот
Адис Гојак, поранешниот менаџер на пејачот Здравко Чолиќ и негов прв сосед, бил сослушан како сведок во истрагата против криминалната група осомничена за фрлање бомба врз куќата на пејачот. Гојак дал изјава во Вишото јавно обвинителство во Белград, пишува српски „Блиц“.
Препорачано
Според неофицијални информации од истрагата, Гојак изјавил дека не ги познава напаѓачите и дека не знае што би можело да биде мотивот за нападот врз куќата на пејачот.
– Тој објаснил дека порано бил менаџер на Здравко Чолиќ, но дека веќе 12 години не се соработници. Навел дека не бил присутен кога се случило бомбашкиот напад, односно дека не го видел, но дека брзо дошол пред куќата на Чола – открил изворот.
На сослушувањето, менаџерот, како што потврдил соговорникот на српски „Блиц“, исто така изјавил и дека е изненаден и шокиран од непријатната и вознемирувачка ситуација што се случила.
– Тој исто така рече дека и тогаш, а и денес, за него било многу невообичаено што Здравко Чолиќ се нашол како цел на толку страшен напад затоа што Чола „не е таков тип“, односно не е личност што му се замерила на некого – додал соговорникот.
Врз куќата на Здравко Чолиќ на 3 февруари беше фрлена експлозивна направа која предизвика голема материјална штета.
Експлозијата предизвикала голема материјална штета, но за среќа, никој не бил повреден.
Здравко Чолиќ во тој период се наоѓал во Хрватска, поради деловни обврски.
Високиот суд во Белград соопшти дека судијата за претходна постапка им одредил притвор до 30 дена на двајца осомничени за фрлање бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ, а со истата одлука е одреден притвор и за третото лице.
Колку чини куќата на Дедиње на Здравко Чолиќ, врз која беше фрлена бомба?


