Фото: илустрација / Слободен печат / Методи Здравев

Сопругот тврди дека жената се самоубила — МВР откри детали за трагедијата во Копаница

По информациите од Обвинителството дека во скопското село Копаница е најдено тело на 37-годишна жена, а до нејзе и пиштол, МВР соопшти нови информации за случајот.

Според полицијата, сопругот на починатата жена кажал дека тие двајца имале расправија, а потоа таа се самоубила со неговиот пиштол, кој тој го поседувал без дозвола.

„На 19.05.2026 во с. Копаница, скопско, постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа почината Х.Р.Ј. (37) од Косово, со прострелна рана во главата, а покрај телото е пронајден пиштол ‘глог19’, сопственост на нејзиниот сопруг Д.Ј.(42) од с.Копаница, кој го поседувал без дозвола. Според исказот на Д.Ј., истиот ден околу 10:00 часот, во семејниот дом настанала расправија меѓу него и неговата сопруга Х.Р.Ј., по што, според негово кажување, таа извршила самоубиство. За оружјето, против Д.Ј. е поднесена кривична пријава поради сторено кривично дело ‘неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали’, по член 396 од КЗ. Во однос на починатото лице, пак, по насока на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција. СВР Скопје, по насоки на ОЈО Скопје, презема и други мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Жена е пронајдена мртва во Скопско, покрај телото бил пиштолот на нејзиниот маж

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот