Сопругот ја заклучил во автомобил и ја запалил, пред да почине ѝ кажала сè на ќерка си
Италијанката Марија Архангела Туртуро почина во болница откако нејзиниот сопруг Џузепе ја заклучил во автомобил и го запалил. Таа успеала да побегне од автомобилот, но за жал во болница им подлегнала на повредите. Пред смртта нашла сила да разговара со својата ќерка на која ѝ раскажала низ што поминала.
Препорачано
Рекла дека некако нашла сила да излезе од возилото, но дека Џузепе ја соборил на под и ја претепал. Во нападот таа се здобила со скршеница на градната коска и на ребрата – пишува „Телеграф.рс.
Сакаше да ме убие, ми ги стави рацете на вратот“, ѝ рекла Марија на својата ќерка.
Кога Марија била пронајдена повредена, полицијата го уапсила нејзиниот сопруг. Во полиција се бранел дека изгубил контрола над автомобилот и удрил во ѕидот, по што автомобилот се запалил.
„Ја извлеков од запалениот автомобил“, тврдел тој.
Џузепе веќе бил во затвор поради обид за убиство. Нивната ќерка изјавила дека мајката неколкупати пред смртта рекла дека сопругот ќе ја убие.
„Татко ми често беше насилен. Мајка ми три пати беше во болница поради него. Често излегуваше од нивниот дом и доаѓаше кај мене“, вели ќерката.
Џузепе денеска ќе биде подложен на лекарска евалуација бидејќи се пожалил на невролошки проблеми.


