Сопругата на Шон Конери ги откри последните моменти од животот на нејзиниот сопруг: Тој страдаше од деменција!
Сопругата на Шон Конери откри дека последните месеци од животот нејзиниот сопруг, со кого беше во брак цели 45 години, страдал од деменција.
„Тоа не беше живот за него. Во последно време не беше во можност да зборува или да се изрази. Барем умре во сон и во мир, така и сакаше. Бев со него кога почина“, рече Мишелин Рокуебруне Конери, пренесува Дејли мејл.
Актерот почина на 91 година, на 31 октомври, во неговиот дом на Бахамите.
Љубовната приказна на Шон Конери: Само една жена знаеше како да го заведе
„Тој страдаше од деменција и таа го зема својот данок. Неговата последна желба да си замине мирно е исполнета … “, рече Мишелин.
Сликарката Мишелин има 91 година и има мароканско-француско потекло. Таа го запознала Шон во 1970 година на еден голф турнир и станала негова втора сопруга.
„Беше прекрасно и имавме прекрасен заеднички живот. Тој беше нешто што можеме да го наречеме идол. Ќе биде многу тешко без него, го знам тоа. Но, ништо не е вечно“, додаде Мишелин.
Во последниве години, Шон ретко се гледаше во јавноста, особено откако се повлече од актерскиот свет во 2006 година. Потоа, тој само му рекол на неговиот агент да ги одбие сите понуди за снимање.
Шон и Мишелин се венчаа на приватна церемонија во Гибралтар во мај 1975 година.
До тогаш веќе беше во брак двапати, а Шон веќе се разведе од својата прва сопруга. Омилено хоби на Мишелин и Шон бил голфот.
Покрај сликарството, Мишелин е и продуцент на претстави. Нејзината претстава „Арт“ на Бродвеј доби награда Тони.
За многумина тој е единствениот Џејмс Бонд: Почина легендарниот Шон Конери