Фудбалската приказна за Шон Конери: Го одби Манчестер јунајтед и славниот Безби за да стане омилениот Џејмс Бонд

epa08788177 (FILE) - The file picture dated 25 May 2000 shows (L-R) Scottish actor Sean Connery, Brazilian soccer legend Pele and FIFA President Joseph Blatter sharing a laugh at the Olympic Stadium in Rome, Italy. According to media reports on 31 October 2020, Sean Connery has died aged 90. EPA-EFE/DANILO SCHIAVELLA

Денеска на 90. годинша возраст почина Шон Конери, неверојатниот актер, освојувач на Оскар и легендарниот Џејмс Бонд. Славниот шкотски актер е познат како најомилениот агент на нејзиното височество, а се појави во дури седум филмови како агентот 007, по што беше избран за „најдобриот Џејмс Бонд“.

За многумина тој е единствениот Џејмс Бонд: Почина легендарниот Шон Конери

Како вистински Шкотланѓанец, Шон Конери го сакаше фудбалот,а малку недостасуваше наместо во актерските води да заплива во фудбалските бидејќи во младоста доби повик од легендарниот Мет Базби да игра дури и за Манчестер јунајтед.

„Играв за Бонириг Роуз, а добив понуда да одам на проба во Ист Фајф, Селтик тогаш не ме бараше, тоа е вистината“, изјавил Шон Конери во една прилика.


Тој играл полупрофесионален фудбал во Шкотска, а за тоа колку бил талентиран најдобар доказ е случката со легендата на Манчестер јунајтед, славниот Мет Безби. Имено, во еден момент неговиот тим играл во близина на Манчестер, а легендарниот тренер го следел тој натпревар и бил воодушевен од фудбалските квалитети на Шон Конери. Веднаш во натпреварот му понудил на Конери договор да игра за Манчестер јунајтед за 25 фунти неделно. Идниот Џејмс Бонд ја одбил понудата.

Сфатив дека фудбалерите веќе на 30 години не се во најдобра форма и повеќе не можат да бидат добри. Јас тогаш имав 23 години и ја одбив понудата да играм за Јунајтед – открил Конери.

Сепак, по многу години, откако веќе станал славен актер, тој признал дека му е жал што ја одбил понудата.

Жалам што не ја прифатив понудата бидејќи навистина го сакав фудбалот. Одлучив да станам професионален актер и тоа беше една од најпаметните работи кои ги направив во животот.

Конери никогаш не престена да го обожава фудбалотФото: EPA/Guido Manuilo

Како горд Шкотланѓанец, Шон Конери како мал навиваше за еден од двата најголемите клуба, Селтик, но кога стана славен актер и поради пријателството со Дејвид Мари ги предаде „зелените“ и почна да се појавува на натпреварите на Глазгов Ренџерс.

Кога бев дете, татко ми ме научи да навивам за Селтик. Иако имав доста обврски како актер, секоја можност ја користев да одам да ги следам нивните натпревари. Но, на еден прием во Глазгов кога се запознав со Дејвид Мари му ветив дека ќе дојдам да го гледам Ренџерс. Веднаш се спријателивме со него, уживавме во заедничките пијачки и во забавите и долги години бевме големи пријатели. Поради него го засакав Ренџерс и со тоа станав омразен на „Паркхед“ (стадион на Селтик) – раскажуваше во минатото, Шон Конери.


Интересно е што славниот актер не е многу омилен ниту кај навивачите на Хибернијан и Харт, два клуба од Единбург, родниот град на Конери. Тие го сметаат за ловец на слава кој им го завртел грбот на локалните екипи и навивал за Селтик и Ренџерс.

ПОВРЗАНО:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот