„Себичната љубов“ на Шон Конери: Си ги уништиле браковите за да бидат заедно

Таа имала два брака и три деца, но поради Шон Конери започнала нов живот. 

Британскиот глумец и продуцент Шон Конери зад себе има кариера долга 50 години. Најпознат е по улогата на Џејмс Бонд – глумел во дури седум филмски адаптации. Во 2003 година, глумецот одлучил да се пензионира и сега со сопругата живеат на Бахамите.

профимедиа

Името Шон Конери инспирира на неверојатен шарм и харизма. Сите мажи сакаа да бидат како него, а секоја жена сакаше да го освои неговото срце. Меѓутоа, само една жена знаеше како се заведува Шон Конери. Француската уметница Мишелин Рокуебруне Конери доби џекпот кога се омажи за Шон Конери. Нивната љубов трае повеќе од 40 години.

Се запознале во 1970 години на голф турнир во Мароко. Тоа била љубов на прв поглед.

Глумецот кој денес има 90 години, рекол за Сан во едно интервју дека молња го погодила на лице-место кога ја запознал својата сопруга. Веднаш ја нарекол „моја сакана“.

Иако почетокот на нивната љубовна приказна наликува на холивудска бајка, далеку од тоа животот да бил совршен.

Шон Конери бил оженет со австралиската глумица Дијана Силенто, со која имал син Џејсон. Додека Мишелин зад себе имала два брака и три деца.

Двајцата имале лошо искуство кога љубовта е во прашање, но кога се запознале не можеле да одолеат да не пробаат уште еднаш.

профимедиа

– Прво го видов Шон со завртен грб. Прво помислив како е величествен. Не ни знаев дека е тоа познатиот глумец. Не ни знаев како се вика. Беше неверојатно, таа ноќ го сонував. Ме носеше на раце и бев пресреќна. Утрото се разбудив и помислив дека се ќе биде како што треба. И се случи – отидов на голф турнир, ги сретнав неговите очи и се вљубив за цел живот, раскажала Мишелин.

Но после оваа судбоносна средба и двајцата се вратиле на тогашните партнери и го продолжиле животот. Две години подоцна Мишелин добила писмо од Шон. Ја повикал да се најдат во Шпанија, во Марбеља.

профимедиа

Нејзината прва реакција била „Што мисли тој, кој е?“. Но штом го одбила состанокот, добила нова порака – „Ми недостигаше…Не можам да престанам да мислам на тебе“. И тогаш срцето и се стопило. Иако живеела со друг маж, не можела да престане да мисли на Шон.

Постоела уште една пречка – вљубениот пар зборувал на различни јазици. Шон не знаел француски, а Мишелин не знаела англиски. Но тоа не им пречело. Кога новинарите го прашале Шон како комуницираат, тој тогаш одговорил „Постои уште еден јазик – говор на телото!“.

Со години биле раздвоени на различни континенти, зашто Мишелин живеела во Северна Африка, а Шон во Холивуд.

– На почетокот ретко имавме прилика да се гледаме. Мишелин со децата живееше во Африка, а јас патував низ светот снимајќи филмови. Еднаш стоевме на аеродром во различни редови. Го гледав редот каде што беа видливи само нозете. Ги препознав нејзините и отрчав во другиот ред за да се сретнеме. Би ја препознал меѓу стотици!, рекол своевремено Шон.

Во мај 1975 година, парот се венчал. Во текот на 90-те години се преселиле на Бахами.

профимедиа

И покрај годините, овој вљубен пар и понатаму деновите ги минува држејќи се за раце.

– Мишелин е најневеројатната жена на земјата. Заедно сме речиси 45 години и со сигурност можам да кажам дека таа љубов на целиот мој живот. За мене нема поголема радост кога ќе ја видам. Се уште одиме на романтични состаноци, вели Шон Конери.

профимедиа

Глумецот толку ретко се појавува во јавност што постоеа гласини дека болува од рак на грло, и дека оди на терапии. Некои извори отидоа дотаму, што рекоа дека Шон починал. Поради тоа глумецот морал да се појави во една емисија за да ги демантира гласините.

Признал дека има проблеми со срцето, но дека неговата жена е најдобар лек за него. Овој 90-годишен глумец ужива во животот и во семејната среќа со својата сопруга.

профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот