Сончево со мала до умерена облачност, попладне наместа пороен дожд и грмежи

Фото: Профимедија/илустрација

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 31 степен.

И во наредните денови времето претпладне ќе биде сончево со мала до умарена облачност, во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Во среда на повеќе места ќе биде нестабилно, а локално процесите ќе бидат и поинтензивни.

Постабилно и нешто потопло време се очекува кон крајот на седмицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот