Солзите на овој Италијанец потресоа многумина: Заробен сум во соба, покрај мртвата сестра, почина од корона (ВИДЕО)

Лука на Фејсбук се снимаше во живо како стои покрај креветот каде лежи неговата мртва сестра. Лука тврди дека починала од вирусот и дека има само 47 години.

На социјалните мрежи со молскавична брзина се споделува видеото на кое се гледа како Лука Ф., италијански државјанин, моли некој да му помогне зошто е заробен во стан со сестрата, која пред 24 часа починала од коронавирус.

Лука на Фејсбук се снимаше во живо како стои покрај креветот каде лежи неговата мртва сестра. Лука тврди дека починала од вирусот и дека има само 47 години.

-Живееме близу Неапол, затворени сме во куќа, Тереза почина вчера – рече Лука на снимката која од неделата со молскавична брзина се споделува на социјалните мрежи.

Момчето вели дека не смее да ја напушти куќата зошто стравува дека се заразил со смртоносниот вирус додека и давал вештачко дишење за да ја оживее. Вели дека им се обратил на властите, ама дека се‘ уште никој не дошол.

-Чекам некој да појави уште од синоќа. Нема никого. Сестрата е тука, мртва. Не знам што да правам, зборува Лука директно во камера.

Лука повторно се огласи со нова снимка каде вели дека конечно дошле од погребалната служба и го презеле телото на неговата сестра. Рече дека обдукцијата потврдила дека Тереза починала од коронавирус, а и тој бил тестиран, но ги чека резултатите.

Властите потврдија дека го презел телото на покојната и дека навистина починала од коронавирус, а дополнително наведоа дека станува збор за жена која и претходно имала здравствени проблеми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот