Солбакен го објави списокот, Норвешка со Халанд и со Одегард не е за потценување
Селекторот на норвешката фудбалска репрезентација, Стол Солбакен, денеска го објави списокот од 26 фудбалери за претстојното Светско првенство.
Препорачано
Норвешка на Мундијалот ќе ја предводи една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал, Ерлинг Халанд, кој зад себе има нешто поскромна клупска сезона, со оглед на тоа што остана без титулата во Англија, како и без трофејот во Лигата на шампионите. Но, покрај него тука се уште и ѕвездите на Арсенал и Атлетико Мадрид, Мартин Одегард и Александер Сорлот.
Посебно внимание привлекува фактот што во групата И ќе гледаме директен судир, Халанд и Килијан Мбапе.
Покрај Франција, Норвешка во групата ќе игра и против селекциите на Сенегал и Ирак.
Голмани: Орјан Хаскјолд Ниланд (Севилја), Сандер Тангвик (Хамбург), Егил Селвик (Вотфорд).
Одбрана: Кристофер Ајер (Брентфорд), Давид Мелер Волфе (Вулверхемптон), Лео Остигард (Џенова), Фредрик Бјаркан (Бодо/Глимт), Маркус Педерсен (Торино), Торбјарн Хегем (Болоња), Сондре Лангас (Дерби Каунти), Хенрик Фалченер (Викинг), Јулијан Рајерсон (Борусија Дортмунд).
Среден ред: Мортен Торсби (Кремонезе), Патрик Берг (Бодо/Глимт), Сандер Берге (Фулам), Мартин Одегард (Арсенал), Фредрик Аурснес (Бенфика), Кристијан Торствет (Сасуоло), Телониус Асгард (Ренџерс), Антонио Нуса (РБ Лајпциг), Андреас Шјелдеруп (Бенфика), Оскар Боб (Фулам), Јенс Петер Хауге (Бодо/Глимт).
Напаѓачи: Александер Сорлот (Атлетико Мадрид), Ерлинг Холанд (Манчестер сити), Јорген Странд Ларсен (Кристал Палас).
Првиот натпревар на Светското првенство Норвешка ќе го одигра против Ирак на 16 јуни во Масачусетс. Потоа, на 22 јуни во Њу Џерси ќе се соочи со Сенегал, а на 26 јуни повторно во Масачусетс ќе игра против Франција.
Мегваер: Шокиран сум и изненаден што нема да одам на Светското првенство
Германците го објавија списокот за Мундијалот, Ноер се врати во репрезентацијата


