Хари Мегваер/EPA-EFE/Laurence Griffiths

Мегваер: Шокиран сум и изненаден што нема да одам на Светското првенство

Селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел, утре треба официјално да го објави списокот за претстојното Светско првенство, но веќе е познато дека на него нема да се најде дефанзивецот Хари Мегваер.

Веста ја потврди самиот дефанзивец кој призна дека бил непријатно изненаден од одлуката да остане надвор од составот за Мундијалот.

„Верував дека можам да имам важна улога за репрезентацијата ова лето, особено по сезоната што ја одиграв. Искрено, бев шокиран и изненаден од одлуката. На момците им посакувам многу среќа“, изјави Мегваер за „Талкспорт“.

Дефанзивецот сезонава одигра 22 натпревари во Премиер лигата во дресот на Манчестер јунајтед, при што постигна еден гол и забележа две асистенции. Дополнително настапи и во домашните куп-натпреварувања.

Англија на Светското првенство, кое ќе се игра од 11 јуни до 19 јули, ќе настапи во група со Хрватска, Гана и Панама.

Германците го објавија списокот за Мундијалот, Ноер се врати во репрезентацијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот