Германците го објавија списокот за Мундијалот, Ноер се врати во репрезентацијата
Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јулијан Нагелсман, денеска го објави списокот на играчи за настап на Светското првенство кое летово ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Препорачано
Посебно внимание привлекува новиот повик за легендарниот Мануел Нојер, за кого ова ќе биде последно Светско првенство во кариерата, но и враќање во националниот тим по две години откако се повлече по Европското првенство во 2024 година. Без место во составот остана неговиот млад клупски колега Јонас Урбиг.
Во одбраната повикани се Џошуа Кимих, Натаниел Браун, Антонио Ридигер, Нико Шлотербек, Џонатан Та, Давид Раум, Валдемар Антон и Малик Тијав.
Во средниот ред ќе настапат Александер Павловиќ, Леон Горецка, Надием Амири, Џамал Мусијала, Флоријан Вирц, Ленарт Карл, Анџело Штилер, Феликс Нмеча и Паскал Грос.
Во нападот место добија Дениз Ундав, Кај Хаверц, Џејми Левелинг, Ник Волтемаде, Максимилијан Бајер и Лерој Сане.
На списокот ги нема Никлас Филкруг и Карим Адејеми, додека поради повреда отпадна и голманот Марк-Андре тер Штеген.
Светското првенство почнува на 11 јуни и ќе трае до 19 јули, а Германија ќе игра во група со Курасао, Еквадор и Брегот на Слоновата Коска.
Седлоски со петмина дебитанти во составот за натпреварите со Босна и Турција


