Софија Вергара позираше во бикини: Нејзиниот изглед не ни дозволува да веруваме дека има 49 години (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Колумбиската манекенка и актерка Софија Вергара уште еднаш ги воодушеви фановите…

Таа објави фотографии во костим за капење, со кои докажа дека и на 49 години се уште изгледа фантастично. На првата фотографија позираше во бел костим за капење, а половината дополнително ја нагласи со црн ремен.

На втората фотографија таа е во портокалов костим, кој е пресечен од страните па така половината доаѓа до израз. Оваа објава за само 8 часа собра повеќе од 630,000 лајкови, а нормално нејзините следбеници беа воодушевени од она што го гледаат.

„Невозможно е вака добро да изгледаш“, „Премногу си згодна“, „Најубавата жена на светот“, се само некои од коментарите кои таа ги доби.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот