Социјалците фатени како кршат полициски час во пандемијата ќе куртулат од плаќање, се спрема амнестија

Фото: mia.mk

Група пратеници од власта подготвиле закон со кој ќе се амнестираат граѓаните-приматели на социјална помош, кои за време на пандемијата и заштитните мерки наложени од државата биле осудени на парични казни за прекршување на полицискиот час или поради излегување од изолација, пишува „СДК“.

Предложената амнестија, според идејата на пратениците, нема да се однесува за останатите осудени за овие кривични дела, а казните ќе мора да си ги плата и кафеаните, теретаните и сите други што ги прекршуваа забраните за време на вонредната состојба, воведени за да се спречи масовното ширење на вирусот кој одзеде илјадници животи, пишува порталот.

Идејата за делумната амнестија за овие казнети дошла од Кривичниот суд, во кој завршија најголемиот број вакви случаи, односно казнените платни налози, кои доаѓа од Обвинителството, откако МВР ги фаќаше прекршителите.

Во екот на пандемијата, во судовите другите предмети беа запрени, но предметите против здравјето и животот на луѓето, во кои спаѓаа и прекршувањата на антиепидемиските мерки, беа назначен како итни и по нив се постапуваше веднаш, потсетува „СДК“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот