Собранието го усвои новиот Закон за спорт

Фото: Naumce Mojsovski/FB

Денеска пратениците со 89 гласа „за“ и ниту еден против ги изгласаа промените во Законот за спорт во делот на ваучер-системот и распределбата на парите во износ од десет милиони евра.

Најголемата промена во новата верзија на Законот е во делот за исплата на плати за играчите во клубовите.

Во еден од членовите е предвидено дека само 25-отсто (една четвртина) од добиените пари ќе може да се потрошат за плати на странските спортисти. Ова е со цел за промоција на домашниот спорт, со оглед што три четвртини од сумата добиена преку ваучерот ќе мора да се префрли на сметките на Македонците.

„Предлог измените на Законот за спортот се однесуваат на обезбедување на финансиски поттикнувања по основ на директна државна помош за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко ниво во нашата земја и остварување на подобри резултати како во домашни рамки така и на меѓународно ниво“, се вели во објаснувањето на промените на Законот за спорт“, стои помеѓудругото во објаснувањето за промените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот